Пристигна убава вест за земјоделците: Проверете ги Вашите сметки, исплатени 232.011.714,00 денари на 8.435 земјоделци

Пристигна убава вест за земјоделците: Проверете ги Вашите сметки, исплатени 232.011.714,00 денари на 8.435 земјоделци

„Исплатени 232.011.714,00 денари кон 8.435 корисници за користен сертифициран семенски матријал за сите полјоделски култури.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои пријавиле употреба на сертифициран семенски материјал за производство на пченица, јачмен, пченка, рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, памук, анасон,

шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут, луцерка, и ориз.

Со поддршката за употребен сертифициран семенски материјал ги поттикнуваме полјоделците да инвестираат во поквалитетен род и зголемен принос во полјоделското производство, токму кога е актуелна жетвата на житните и индустриски култури.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде