Во саботата вечерта во Полициско одделение Арачиново, 19 годишна жителка од скопско село, пријавила дека на 16. јуни околу 08,50 часот на
пракинг во близина на трговски центар на Бит Пазар била физички нападната од Ш.К.(20) од село Арачиново, со кого се познавала од претходно.
Потоа минатиот четврток, (22.06.2023) околу 22.02 часот пријавениот фрлил пиротехнички материјал во дворот од нејзината куќа,
а следниот ден околу 20.10 часот пријавениот пред нејзината куќа испукал два пати од пиштол и го напуштил местото на настанот.
Полицијата вели дека презема мерки за да го расчисти случајот.