ТРАГЕДИЈА: Во страотна несреќа загина познатиот светски милијардер

Американскиот инвеститор и милијардер Џејмс Краун загинал откако во неделата доживеал несреќа на тркачката патека во сојузната држава Колорадо на својот 70-ти роденден, објави во понеделникот весникот The Colorado Sun.

Според весникот, челникот на инвестициската компанија „Henry Crown and Company“ возејќи на патеката „Aspen Motorsports Park“ ја загубил контролата над автомобилот, излетал од патеката и удрил во безбедносната бариера.

„Официјалната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата, но јасно е дека претрпел повеќекратни повредени“, го цитира весникот соопштението од судската медицина во округот Питкин која инцидентот го води како несреќен случај.

Џејкоб Кроус, портпарол на семејството, во изјавата во неделата вечерта за локалниот весник Aspen Daily News изјавил дека „семејството Краун е длабоко тажно поради ненадејното смрт на Џејмс Краун во несреќа…

Семејството бара да се почитува нивната приватност во овој тежок момент“. Краун зад себе ја остави сопругата Пола и нивните четири деца.

Џејмс Краун го водеше семејниот биснис основан од неговиот дедо индустрискиот магнат Хенри Краун, а според најновата процена на магазинот Forbes, нето вредноста на семејството Краун изнесува 10,2 милијарди долари.

Во текот на кариерата Џејм Краун извршуваше челни функции во повеќе големи финансиски компании и институции, вклучително и во извршните одбори на американскиот банкарски гигант „JP Morgan Chase“ и на „General Dynamics“, а последниот период беше и партнер менаџер во „Aspen Skiing Company“ компанија која управува со комплексот луксузни одморалишта во Аспен, кој се состои од четири скијачки центри.

Краун, исто така, беше и претседател на Институтот Аспен, непрофитна организација која го организира Ideas Fest, фестивал кој се одржува секоја година од 24-ти до 30-ти јуни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде