Македонија на нозе – АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Дете го скрши черепот и остана без вид, а сакаат и да ги избркаат со мајка му од станот

На фејсбук групата „Стари Скопјани“ беше објавен апел за помош на едно семејство од Скопје, кое се соочува со сериозни проблеми.

– Тригодишниот Матеј падна по скали со велосипед и черепот му е скршен. Иако мислеа да му направат операција, сепак детето е мало и решија да ја следат ситуацијата и да чекаат хематомот да се повлече. Ова трае повеќе од две недели.

Пред некој ден, детето го изгубило и видот. Целата ситуација е неизвесна и немаме точна дијагноза. Мајка му е самохрана, живее под кирија и сакаат да ја избркаат затоа што доцни. Во моментов не знае каде ѝ е главата.

Во меѓувреме се зголемуваат трошоците на клиника, плус се купуваат лекови, со мајката комуницираме на вибер затоа што нема кредит на телефон.

Матеј го знам лично и си играв со него два-три дена пред несреќата. Мајка му работи кај мој другар во кујна во ресторан како помошничка.

Кој сака да ѝ помогне лично или во болница, ќе ви дадам контакт. Другите што сакате да помогнете, дали за сокови, лекови, витамини и друго, донациите ги собираме во име на нашето здружение.

Не се потрени многу пари, две-три кирии да платиме и остатокот ќе остане за престојот во болница, се вели во апелот.

Здружение на граѓани „Стопли Срце“

Сметка за донации: 270072685480143

IBAN: MK07270722000030435

HALKBANK

Во цел на дознака „за Матеј“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде