Во јануари осамнала веста дека 65-годишниот актер, Џулијан Сендс исчезнал додека планинарел во Калифорнија и последен пат бил виден во областа Маунт Балди.
По 5 месеци, во саботата на планините во Калифорнија биле пронајдени човечки останки, а вчера и официјално било потврдено дека му припаѓаат на популарниот актер.
Според соопштението од кабинетот на шерифот на округот Сан Бернандино, телото пронајдено во саботата во близина на планината Балди, било однесено за идентификација.
Тогаш пристигнала најтажната вест и потврдено било дека станува збор за телото на исчезнатиот актер.
Џулијан Сендс, роден во Велика Британија, бил накјпознат по неговата улогаа во филмот „A Room with a View“ од 1985 година, како и по ТВ серијата „Smallville“.
Бил во брак со новинарката Евгенија Читковиќ, а зад себе оставил 3 деца.
Во петокот, на 21 јуни, неговото семејство се огласило за првпат откако Џулијан исчезнал:
„Продолжуваме да го чуваме Џулијан во нашите срца со светли спомени за него како прекрасен татко, истражувач, вљубеник во светот на природата и уметноста, како и оригинален уметник“, стоело во соопштението.