Социо-економскиот совет денеска со почеток во 14:00 часот ќе одржи седница на која според најавите ќе се донесе конкретен за зголемување на платите на целиот јавен сектор.
Покачувањето ќе треба да се реализира веднаш а во следните две и пол години платите ќе треба да растат според просечната плата и трошоците за живот.
На ваков начин државата очекува да го надмине и проблемот со вработените во УЈП кои веќе десетина дена секојдневно излегуваат на протест по два часа во денот.
Од синдикатот на УЈП најавија дека ако до вторник не се најде решение за нивното барање за покачување на платите ќе стапат и во генерален штрајк.