Пратениците кои ќе гласаат за Законот можат да останат без венчавки, погреби и крштевки, порачува епископ на МПЦ

Викарниот епископ на Скопската епархија, Давид Нинов смета дека пратениците кои ќе гласаат за Законот за родова еднаквост може да бидат исклучени од црковната заедница.

-Потоа, црквата, секако доколку посака, може да размисли и да одлучи, пратениците, кои би го поддржале законот, кондиционално да ги лиши од сите свештенодејствија, кои тие, очигледно само од адет, би милувале да ги прават.

Значи, доколку се декларираат како христијани, тие пратеници би биле лишени од крштевки, венчавки, погреби и сите други богослужби, кои го сочинуваат свештенотаинскиот живот на црквата, барем до мигот кога јавно ќе се преумат.

На тој начин, не само поединци, туку сите заедно како општество, хармонично, еманципирано и без анархија, во мир и целосно меѓусебно почитување, ќе можеме да ги уживаме благодетите, кои ги нуди секуларното општествено уредување, стои меѓу другото во блогот на епископот.

Ваквите пишувања се во пресрет на утрешниот протест пред Соборниот храм организиран од МПЦ-ОА против предлог-законите за родова еднаквност и матична евиденција.

Црквата ги повика верниците, граѓанските здруженија, организации и сите истомисленици да им се придружат во, како што велат, оваа борба за достоинство,

слобода и заштита на основните верски права и заштита на нашата вера и традиција од обиди за нејзино искоренување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде