Сообраќајка меѓу мотор и патничко возило, мотоциклистот со тешки повреди итно пренесени во болница
Вчера, во 16.15 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“,
со струшки регистарски ознаки, управувано од А. С. (33) од Струга, и мотоцикл „хонда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С. А. (58) од Охрид.
Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.