Тешка сообраќајна несреќа – пожарникари извлекуваа повредено лице

Тппе – Охрид во текот на денешниот ден учествуваше во извлекување на повредено лице во сообраќајна незгода на патниот правец Охрид-Кичево, во Општина Дебарца ( во близина на с.Лактиње ).

При тоа пожарникарите-спасители поради пренасочениот сообраќај , имаа потешкотии во движењето на потегот до с.Подмоље,

поради неможноста на останатите учесници во сообраќајот да му отстапат простор на нашето возило за специјални намени…

За среќа повреденото лице успешно е извлечено и транспортирано со итната медицинска помош во најблиската болница, објавија од ТППЕ Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде