Видео кое ќе ви ги стопли срцата: Малата Ангела ја победи болеста, нејзината најголема поддршка и помогна да заѕвони на ѕвончето на Детската клиника
Нека грми се од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, со овие зборови малата Ангела која ја победи тешката болест ја напушти Клиниката за детски болести.
Нејзината најголема поддршка беше помалото братче Дамјан, кој заедно со неа заѕвони на ѕвончето.
Бравооо, те сакаме херојке наша, пишува на видеото објавено на социјалните мрежи.