Дете со тешки повреди итно пренесено во болница откако татко му несакајќи го удри со возилото
Вчера околу 12 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека 34-годишниот З.С. од тетовска Мала Речица,
враќајќи се наназад со своето патничко моторно возило „ауди“ во дворот пред семејната куќа, не го забележал и според пријавеното,
удрил во малолетниот син, при што му нанел тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
Извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.