Објавени нови детали за апсењето на Тодоровиќ – закажана прес – конференција

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за „Скопје 2014“. 

Ова доаѓа откако беше уапсен поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на ланецот маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката“, велат од Обвинителството.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.

Обвинителството најави и прес-конференција за овој случај во 13 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде