Се враќале од косење па загинале! Жртвите се членови на семејство, едниот има мали деца, другиот има бремена сопруга – ТРАГЕДИЈА ВО КРАГУЕВАЦ

Тројца мажи загинаа синоќа кога во Фордот со кој се возеле со 200 км на час се удрило Ауди управувано од И.С (20). Загинатите мажи се враќале од кај пријател каде били да му помогнат за косење.

Како што пренесуваат српските медиуми, М.М. (29), М.А. (28) и П.А. (61) се тројцата загинати инаку сите со потекло од Крушевац.

На „фордот“ управуван од М.М, „Ауди“ управувано од И.С., излетало со полна брзина без кочење. Колку бил страшен ударот покажува и податокот дека моторот испаднал од „фордот“ и одлетал дваесетина метри.

Жителите на населбата Мудраковац во Крушевац велат дека кога се судриле пукнало како бомба.

Бев во кревет кога пукна. Како бомба. Веднаш и кажав на жената дека дошло до судир, но не очекував дека ќе биде вака страшен – вели мештанинот и додава:

Се облеков и излегов да видам дали можам да помогнам. Веќе пристигнала полицијата, а нешто подоцна и брзата помош и пожарникарите. Знаев дека има мртви кога видов како изгледаат автомобилите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде