Вчера, во 17.45 часот, било пријавено дека во с. Зелениково, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“,
со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Ќ. (50) од с. Страхојадица, и патничко моторно возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Г. (37) од с. Зелениково.
Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а телесни повреди добиле двајцата возачи,
констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.