Трагедија: Maж го загуби животот во Охридското Езеро – влегол да се капе, па добил срцев удар

Трагедија: Maж го загуби животот во Охридското Езеро – влегол да се капе, па добил срцев удар

44-годишен скопјанец го загуби животот откако отишол да се капе во Охридското Езеро, во близина на Поградец, пренесуваат албанските медиуми.

Несреќата се случила околу 18:00 часот, во село Удениш, а жртвата е македонски државјанин со иницијали Ј.С. од Скопје.

Од прелиминарното вештачење на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство, па сомнежот е дека добил срцев удар.

Истражен тим работи на утврдување на причините за смртта на жителот на Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде