Доцна синоќа по слетување од Загреб на скопскиот аеродром приведен е екс-градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, објави Инфомакс.
Според Инфомакс, заедно со него во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце бил приведен и Владимир Здравев, како и уште најмалку осум лица.
Истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка изутрина, бидејќи судијата одбил да ги сослуша уште вечерта, дознава Инфомакс.
Неофицијално се работи за предмет поврзан со проектот “Скопје 2014” отворен уште од СЈО од обвинителот Љубомир Лапе а потоа го превзема обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Повеќе детали во текот на денешниот ден.