Вонредна вест: Силен земјотрес утрово ја стресе Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Босна и Херцеговина.

Имено, како што е наведено на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Требиње.

Според изјавите на граѓаните објавени на веб-страницата на EMSC, тресењето на земјата било многу почувствувано.

Се уште нема информации за евентуална материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде