Трактористот Ѕвонко Ѓокиќ (53) кој се здоби со сериозни повреди опасни по живот при вчерашното излетување на трактор кај Лесковик, по операцијата е ставен на вентилатор.
Тој вчера бил итно опериран по несреќата што се случила околу 16 часот.
Пациентот е на механичка вентилација, во индуцирана кома. Меѓу повредите кои ги добил, преовладуваат повредите на градниот кош, велат од УКЦ Ниш.
Како што напиша „Блиц“, во несреќата починал сопатникот во тракторот Најдан К.(56), кој на лице место им подлегнал на повредите.
Возачот на тракторот Звонко Ѓокиќ со тешки повреди на градниот кош и на абдоменот, опасни по живот, е префрлен на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Во Ургентниот центар му била укажана лекарска помош и веднаш бил опериран.
Под кои околности тракторот излетал од патот, се уште не е официјално соопштено.
Полицијата врши увид и работи на утврдување на причините и сите околности на несреќата.