Скинати кабли и паднати бандери од невремето. Има опасност од повреди предупредува ЦУК, од каде истакнуваат дека засега се пријавени два случаи во кои има животнозагрозувачки ситуации.
– На бројот за итни случаи 112 пријавено е дека во с. Говрлево, месност „Брзовец“, е скинат кабел од струја и е животозагрозувачки, бидејќи виси на патот.
Веднаш од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени екипите на ЕВН и за кратко време истото опасниот електричен кабел се очекува да биде отстранет – посочуваат од ЦУК.
Покрај оваа информација во ЦУК, на бројот 112 имало пријава дека на улица „191“ во Горно Лисиче има скршена бандера од струја којашто виси над дворот од куќата и се држи единствено на каблите.
– Постои опасност да падне. Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени надлежните служби за остранување на опасноста – посочуваат од ЦУК.