ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Почина познатиот македонски писател
Почина македонскиот писател Сашо Стефановски познат под псевдонимот Џанго Помалиот.
Информацијата за неговата смрт ја објави „Окно“ со опис дека Стефановски е автор на најкусата проза објавувана на „Фејсбук“,
активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот.
Автор е на „Намали малце чалам“, збирка со кратки раскази на скопски теми, издание на Темплум во 2018.
Неговиот наградуван драмски текст „Модерна алхемија“, на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ.