Македонците повторно во проблеми: Внимавајте, грчката полиција одзема таблици!

Внимавајте каде паркирате, вчера во текот на денот многу македонски туристи кои се во Грција на одмор останале без таблички на своите возила.

Некои од возилата и биле подигнати од „пајак“, а туристите кои имале среќа, останале само без регистарски таблички, со известување дека треба да платат казна.

Но, проблемот не завршува тука, табличките и покрај платената казна се враќаат за 20 дена. Дел од туристите се бесни бидејќи им завршува аранжманот, а немаат возила  и не знаат како ќе се вратат во својата земја.

По социјалните групи кружат информации дека полициска акција имало во Сивири.

На групата На одмор во Грција 🇬🇷 Vacation in Greece се отвори дискусија дали табличките на туристите им ги одземале вандали или полицијата, а поголем дел од членовите напишаа дека се работи за сообраќаен прекршок и дека табличките се одземени од полицијата.

По српските групи на Фејсбук се шират информации дека голем дел од нив во прв миг помислиле дека возилата им се украдени.

-За помал прекршок како погрешно паркирање, ни го уништија одморот со семејството со вадење регистарски таблички. Малтретирање странски државјани, особено во земја како Грција, е срамота!!

Повикот на строго почитување на законот во Грција, каде што никаде нема полициска станица, каде што има една амбуланта во цел град, каде што самите Грци зборуваат за својата земја полошо од нас Србите, е безобразно! Плус, вадењето регистарски таблички од туристите, а не од сопствените граѓани е бесрамно! Како овие луѓе ќе се вратат дома? Каде ќе спијат во Грција кога се е преполно? Да потсетам, регистарските таблички се враќаат за 20 дена – пишува во објавата на Томислав Јовановиќ.

Коментари има и од Тасос, Парга, Калитеа.

-Никој не бара да се прогледува низ прсти ако има поголем прекршок. Но нема доволно паркинзи, казната е 25 евра, но проблемот е друг, треба 20 дена да поминат да ти ги вратат таблиците – вели Дејан Младенов.

Фото: Фејсбук група На одмор во Грција 🇬🇷 Vacation in Greece

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде