Скопската Котлина нешто пред 16 часот е зафатена од невреме придружено со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и силен ветер, а можна е и појава на град. Правецот на ширење на појавите е од запад кон исток.
Првичните информации говорат за откорнати дрвја, поплавени улици…
Дрво падна во близина на Транспортниот центар на улица Симеон Кавракиров. УХМР веќе информираше дека невреме ќе ја зафати скопската котлина.
Од Управата за хидрометеролошки работи информираа дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток, па се очекува во следниот половина час до час да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион. Нестабилноста е проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер..
До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Од ЦУК пак, известуваат дека според податоците од УХМР, до крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.