СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди Индонезија – има повредени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди Индонезија – има повредени

Десетина лица се повредени во земјотресот што синоќа ја погоди Индонезија. Европскиот-медитерански сеизмолошки центар информираше дека земјотресот бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот го погоди островот Јава на длабочина од 25 километри, соопшти индонезиската агенција за геофизика.

Не е издадено предупредување за цунами. Локалните власти соопштија дека едно лице починало од инфаркт за време на силниот потрес.

Индонезија се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, високо сеизмички и вулкански регион каде што се спојуваат неколку тектонски плочи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде