Под влијание на нова ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, за време на овој викенд повторно на многу места низ Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ,
проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поплави, силен ветер,
силни и чести електрични празнења и со појава на град и истиот може да биде КРУПЕН, и може да создаде нови штети, особено врз земјоделието, затоа истото со време заштитете го.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на СИЛНО НЕВРЕМЕ, како и на силни електрични празнења, апелираме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Во Скопје иоколината исто така можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, но и локални ПОПЛАВУВАЊА.
Температурите нема да се менуваат од оние кои ги имаме сега и остануваат типични за овој период од годината (не се очекуваат екстремно високи температури), објави Славчо Попоски во најновата метео анализа.