Дваесет и пет лица загинаа во автобуска несреќа во Индија.
Несреќата се случила синоќа на автопатот во западната држава Махараштра.
Автобусот, во кој имало околу 35 лица, удрил во столб и се превртел пред да се запали. 25 лица загинаа, а осуммина, меѓу кои и возачот, се повредени, пренесе БТА.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.
Според извештај на Светска банка од 2021 гдоина, во Индија се случуваат 11 отсто од смртните случаи во сообраќајот во светот.
Во земјата со население од околу 1,4 милијарди луѓе, секоја година во просек има 150.000 сообраќајни несреќи со смртни последици.
Сообраќајните несреќи ја чинат индиската економија околу 65 милијарди долари годишно, се вели во извештајот на СБ.