УХМР известува дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток,
па се очекува во следниот половина час покрај Скопскиот да ги зафати и Кумановскиот регион.
Нестабилноста е проследена со интензивни електрични празнења, интензивен пороен дожд и засилен ветер..
До крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Славчо Поповски објави мапа и најави дека можни се поплавувања.
Во овој момент ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични , силен ветер и со појава на град во Скопје и околината!можни се ПОПЛАВУВАЊА!
Невремето се движи од запад кон исток и ќе ги зафати источните предели од државава!