На Тикток вчера беа објавени видеа на кои наводно се гледа млад Британец кој се обидел да ја отвори вратата од авионот на летот на Рајанер од Задар, Хрватска.
На снимката се гледа како младиот човек станува од своето место, вика, а потоа оди кон предниот дел на авионот и бара да се отворат вратите.
Двајца млади момчиња физички го совладале пред да стигне до вратата.
Девојката која го снимила видеото вели дека повеќето патници се враќале од фестивалот Hideout, кој се одржувал на Зрќе од 25 до 29 јуни, а младиот човек бил пијан и под дејство на дрога.
@officialgeorgeyboy1 #fyp #foryourpage #foryou ♬ original sound – TheOfficialGeorgeyboy
Се чини дека во моментот на инцидентот леталото се движело по пистата и се подготвувало за полетување. Објавено е и видео од друг агол.
Судејќи според видеата, младиот човек бил исфрлен од летот. Индекс испратиле прашања за инцидентот до Рајанер, нивниот одговор ќе го објават кога ќе го добијат.