Уапсен е маж за пукање во областа Сисак, Хрватска.
Тој е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде спроведена кривична истрага, извести рано утрово полицијата во Сисак-Мославина.
Во пукањето во населбата Чапрашка Пољане убиена е 45-годишна жена, а ранети се четири лица.
Како што објави „Индекс“, мажот пред бегството запалил куќи и автомобили, а при интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар.
Вчера нешто по 20:00 часот била известена полицијата, која го блокира местото и со часови во текот на ноќта трагаше по напаѓачот.
Го барале напаѓачот со дронови, а користени биле и термо камери.