Поплавени домови, паднати дрва, искршени автомобили, поплавени објекти: Што зад себе остави невремето кое ја зафати Македонија?!

Поплавени домови, поплавен подвозник, подрумски просотрии на Клиника, паднати дрва. Бројни штети направи вчерашното невреме во Скопје и околината .

Како што јавува ЦУК по силниот пороен дожд што во попладневните часови го зафати Скопје, на единствениот број за итни ситуации 112 имаат во ЦУК пријавени се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“,

две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“, големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража(1м-2м) на ул. „Антон Попов“.

– Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот. Пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција.

Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на ул. „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила

Во 18.15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна.

Истотака имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на Бул. „Св. Климент Охридски“ Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во

контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки, а и со надлежни за вакви ситуации од претпријатијата на Град Скопје – соопштуваат од ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде