Невремето и понатаму продолжува низ Македонија, и тоа поради големата влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад.
До крајот на денешниот ден, и понатаму на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.
Во Скопје исто така ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во делови од котлината повторно има услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, интензивен пороен дожд, електрични празнења и со појава на град.
Краткотрајно стабилизирање на времето ќе има во понеделник, додека во вторник, а особено во среда повторно ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме.
Долготрајна стабилизација на времето не се очекува.
Температурите нема да бидат екстремно високи и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека потоа и тоа според последните анализи околу 10 јули следува поголем пад на истите, и тоа поради продор на свежа воздушна маса од север.
Температурата во Скопје во следните неколку денови ќе се искачи до околу 32 степени, објави Попоски во најновата метео анализа на Метео аларм.