Колективот на АД МЕПСО со тага се простува од својот долгогодишен колега- Сашо Стефановски директор на Подружница Оператор на преносна мрежа ( ОПМ) во АД МЕПСО.
Стефановски ќе биде запаметен како голем професионалец, по својата енергичност и креативен дух, но пред се како човек кој секогаш беше тука за колегите за професионална дискусија, личен разговор, совет и подршка.
Беше дел од нашиот колектив уште од основањето на компанијата, а функцијата директор ја извршуваше од 2017 година. Истрајно справувајќи се со сите предизвици и сложени проекти, зад себе остави светол пример на максимално посветен работник со исклучително знаење и искуство кој сите ќе го следиме.
Благодарние на големиот професионализам и искуство како електроинженер, Стефановски своето знаење и енергија несебично ги споделуваше со колегите и
секојдневно заеднички се справуваше со сите предизвици кои ги носи со себе одржувањето и непреченото функционирање на преносната интерконективна високонапонска мрежа.
Нека почива во мир!
АД МЕПСО