Тажна вест: Почина поранешниот претседател на Србија

Тажна вест: Почина поранешниот претседател на Србија

Поранешниот претседател на Србија, министер за надворешни работи и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија, Милан Милутиновиќ почина денеска на 81-годишна возраст, соопшти Ивица Дачиќ.

“Ги извршуваше најважните функции во најтешкиот период во историјата на Србија. Моето најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите.

Јавноста ќе биде информирана за датумот на комеморацијата и погребот – изјави лидерот на СПС и министер за надворешни работи на Србија.

Милутиновиќ е роден на Свети Никола, 19 декември 1942 година, во Белград.

Неговата сопруга Олга почина во 2017 година, а во брак беа 47 години. Зад себе го остави синот Вељко.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде