Познатиот бодибилдер и инфлуенсер Џо Лајндер почина на 30-годишна возраст.
Младиот човек, кој имаше 8,4 милиони следачи на Инстаграм, починал од аневризма, а неколку дена пред смртта се пожалил на болки во вратот, јавува „Њујорк пост“.
Трагичната вест ја потврди неговата девојка Нича, а неговите следбеници масовно се простуваат од него.
Нича тврдела дека тој се пожалил на болки во вратот само неколку дена претходно.
Таа го нарече Лајндер сладок, љубезен, верен, силен и „човек кој верувал во сите“
„Почивај во мир Џо. Те сакам човеку“, напиша колегата Ноел Дејзел на Инстаграм, заедно со заедничката фотографија од нив.
„Сè уште продолжувам да го проверувам мојот телефон чекајќи го твојот одговор за да се сретнеме во теретана“, напиша тој во подолгата порака. „Скршен сум брат. Ни ги отвори рацете за нас, ни покажа многу за животот и социјалните мрежи“.
Дејзел додал: „Твојата дарежливост кон мене и кон другите секогаш ќе остане со мене“.