Струмичанецот Павле Витанов ја однесе победата на онлајн гласањето во шоуто „Никад није касно“.
Тој доби дури над 44 илјади гласови или 34,5 одсто од вкупните гласовите за сите кандидати на дигиталната платформа Фејзбук.
Витанов беше и во врвот по СМС гласањето. Со над 7 илјади смс пораки тој го освои третото место.
-За време на пандемијата свирев на Фејсбук и добив одличен одзив, се исплатеше. Многу сум возбуден. Им честитам на сите финалисти за големата борба и шоуто што го донесоа – рече Витанов
Витанов во финалето се престави со песната Розо моја од Ибуш Ибраимовски.