Нема да ви се верува: Погледнете по која цена се продава тетовскиот грав

Иако некогаш Полог се гордееше со гравот, сега е проблем да се најде на пазарот. Но и да се најде, цената ќе ве натера два пати да размислите дали да купите килограм, објави неодамна Алсат телевизија.

Производителите пак, се жалат дека државата иако гледа дека го снемува гравот, воопшто не помага.

„Не знам, можеме да ставиме, но можеме и да одлучиме да не ставиме грав. Стана премногу скап, премногу луксуз“, реагираат жителите.

Иако полошкиот грав некогаш беше познат не само на Балканот, туку и пошироко, од неодамна почна сè помалку да се произведува.

„Не вреди сето ова“, велат тетовските земјоделци, според кои производството на оваа култура е намалено поради високите цени на нафтените деривати, вештачките ѓубрива, но и недостигот на работна сила.

„Има многу малку, бидејќи веќе не садат, немаат есап. Затоа и поскапуваат нештата затоа што веќе никој не ги сади. Порано го садевме, но сега кога ќе видиме дека не вреди, веќе нема смисла да се сади.

Моите деца се иселија. Еве колку засадив, извадив три кеси, продадов две, ова остана, но наше е. Мерам со „шиник“, засадив пет, ми направија четири вреќи.

Но, кога ќе пресметате колку сум потрошил за садење, не вреди, во загуба сме, повеќе имаме загуба отколку заработувачка…“

„Во моментов многу малку се наоѓа, нема повеќе производство. Ако пред четири години имавме четири-пет тони, сега имаме 300 килограми, значи нема доволно производство“, рекоа земјоделците.

Тој чини 350 денари, а гравот кој доаѓа од странство, се продава за само 150 денари. Граѓаните велат дека станува луксуз на трпезата да се има домашна храна.

Тетовскиот грав во последно време сè помалку може да се најде на пазарите во земјава. Одгледувачите велат дека и климатските промени во голема мера влијаат на намалување на производството.

Тетовскиот грав е познат по добрите својства при готвењето, а заштитен е и во Државниот завод за индустриска сопственост каде се означени местото на производство и неговите карактеристики.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде