Нови детали несреќата која ја потресе Македонија: Родилката не сакала да го дои бебето и била вознемирена

Триесет и деветгодишната жена која синоќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија два дена откако родила здраво машко дете, е во многу критична состојба на интензивна нега.

Ова го потврди директорката на ГАК, д-р Викторија Јовановска.

– За жал пациентката е во многу критична состјба, сега зборував со директорката на КАРИЛ која е во моментов дежурна. Пациентката не сакала да го дои бебето, била лесно вознемирена, но тоа не е првпат да се случува.

Зборувавме со директорот на психијатрија да доаѓа некој лекар оттаму еднаш неделно за почеток за да разговара со мајките, но не знам како ќе го прифатат пациентките.

Многу пати пациентките се повредени кога им велиме да разговараат со психолог.

Освен за состојбата на пациентката додека беше на ГАК, не смеам за друго да зборувам затоа што семејството не сака да кажуваме податоци за претходната состојба на пациентката – рече д-р Јовановска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде