Земјотрес утрово ја стресе Србија, граѓаните преплашени
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала утрово околу 5 часот и 30 минути ја потресе Србија и ги преплаши сите што го почувствуваа.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на дваесетина километри од Трстеник и на околу 60 километри од Крагуевац.
Граѓаните во своите коментари во ЕМСЦ сведочат дека земјотресот ги разбудил и ги исплашил, но било добро тоа што траел кратко.
„Добро стресе и не разбуди, но кратко траеше“, се бројните коментари на ЕМСЦ.