Владимир Којо, брат на српскиот актер Никола Којо, почина на 59-годишна возраст, пишуваат српските медиуми.
Инаку, според неофицијални информации Владимир Којо загинал откако бил удрен од коњ на хиподром.
Српските медиуми јавуваат дека Владимир починал по несреќа на белградскиот хиподром. Коњот го соборил јавачот, а братот на Којо притрчал да го запре животното.
Во тој момент коњот го удрил и му нанел сериозни повреди, по што Владимир починал во болница.
Никола Којо и остатокот од неговото семејство се простија од Владимир со некролог во кој беше наведено дека погребот ќе се изврши денеска.
„Последен поздрав до мојот мил брат.“