Дали сте подготвени? Славчо Попоски за денеска најави ГОЛЕМО невреме во Македонија

Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад, денеска на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму.

Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме,

проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Градот локално би можел да биде покрупен.

Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи и во случај на силни електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Во Скопје и околината исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Температурите во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, додека за време на викендот ќе дува засилен северен ветер и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север, и истиот ќе услови намалување на температурите.

Барем одсега гледано, поголем топлотен Африкански бран нашата територија, како и територијата на целиот регион ќе не зафати во текот на следната седмица.

Ако вака останат работите, тогаш би можеле да уживаме во вистинското лето и во стабилно и суво време, исполнето со многу сонце.

Извор: Метео аларм / Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде