Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска имала проблеми синоќа да слета во Скопје, а тоа утрово го потврди и преку нејзиниот профил на фејсбук.
Кој рано рани… цела вечер се мачел да слета во Скопје. Како утеха – прекрасно утро!, напиша Шекеринска на Фејсбук.
Според информациите авионот летал од Виена за Скопје, а во него се наоѓала и Шекеринска.
Поради невремето авионот не можел да слета на аеродромот во Скопје, па долго време кружел над градот.
Потоа бил пренасочен кон Софија, но кога слетал во Софија, никој од патниците не се симнале.
Се чекало да се создадат услови, па повторно да полетаат за Скопје, каде доцна во ноќта безбедно слетале на скопскиот аеродром.
Некои до нив велат дека летот бил удобен, патниците се добро, и дека и покрај временските неприлики се завршило добро.