ДУВАШЕ ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 145 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Невреме какво што не се памети зафати делови од Европа

Летната бура Поли денеска ја погоди Холандија и делови од Германија, при што загинаа најмалку две лица.

Невремето доведе и до откажување и одложување на стотици летови на еден од најпрометните аеродроми во Европа, Шипхол лоциран меѓу Хаг и Амстердам.

Кралскиот холандски метеоролошки институт прогласи највисоко ниво на тревога во три холандски провинции, а попладне ја намали поради ослабнување на бурата што се движи североисточно.

Според Институтот, ветерот на брегот западно од Амстердам достигнал брзина од околу 145 километри на час.

Поради невремето во северниот дел на Холандија во прекин е железничкиот сообраќај, а во Амстердам локалната власт ги затвори сите паркови.

Една жена загина во Харлем кога дрво паднало врз нејзиниот автомобил, соопшти полицијата.

Бурата Поли го зафати и северозападниот дел на Германија, па во градот Реде во близина на границата со Холандија усмрти пешак, кога врз него паднало дрво.

Бурата со помал интензитет ќе ги погоди Данска и Германија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде