Лошите вести брзо се шират: Почина поранешниот пратеник во Собранието на РМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево објави дека починал проф. д-р Душан Николовски, поранешен пратеник во Собранието на РМ.

„Сочувство до семејството, роднините и пријателите на починатиот проф. д-р Душан Николовски.

Николовски даде значен придонес во развојот на Пробиштип, но и во политичко-општествениот живот во земјата,

како пратеник во Собранието од редовите на СДСМ во два мандати, како Претседател на општина Пробиштип, како професор и Ректор.

Нека почива во мир, напишаа од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде