Попладнево околу 15 часот и 30 минути, Струмица беше зафатена од многу силни поројни врнежи од дожд.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека поплавени се улиците : Браќа Минкови, Ѓорги Василев, Иљо Шопов и Младинска.
На улицата Браќа Минкови во две куќи има навлезено вода во долниот кат и има поплавено неколку дворови и подруми. На улицата Ѓорги Василев и Иљо Шопов има навлезено вода во подруми од неколку куќи.
Екипите на Комуналец Струмица и ТППЕ Струмица се на терен со сите расположливи сили, и ќе постапуваат по пријавите од граќаните, велат од ЦУК.
Невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имаше попладнево и во Битола, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.
УХМР објави мапа и даде информација во кои делови на Македонија моментално има невреме.
21:00ч. Линија на нестабилност се простира од Дебар до Скопје во правец југозапад-североисток.