Леонардо де Ниро Родригез, внук на познатиот актер Роберт де Ниро, неодамна почина на 19-годишна возраст.
Леонардо е син на Дрина Де Ниро, која актерот ја посвоил кога се оженил со нејзината мајка, исто така актерка Дајана Абот. Дрина прва ја потврди смртта на синот, објавувајќи на Инстаграм, а сега уште еднаш му испрати трогателни зборови.
„Едвај пишувам низ солзи, но на сета љубов, пораки, повици, мејлови од пријателите и семејството кои ме поддржуваа во последните 24 часа – сè уште не успеав да одговорам, но благодарна сум за целата ваша љубов и сочувство“
„Ништо од ова не е исправно или праведно и срцето ме боли на начин на кој не знаев дека е возможен додека едвај дишам и функционирам. Лео, драги мој, те сакам денес како и првиот ден кога те држев во раце.
Истиот човек кој не одведе од болница кога се роди, нè одвезе до погребалното – каде што те допрев и те прегрнав за последен пат. Беше добар, прифаќаше се и ширеше љубов и не можам да верувам дека ништо од ова е реално“
„Сè направи поподносливо и го олеснивте секој товар. Не заслужи вака да умреш, но можам само да верувам дека на Бог му требаше силен ангел во неговата војска.
Те гушкам секоја секунда, секој момент. Моето срце е скршено засекогаш. Тато и јас и твоето семејство те сакаме. Го сакам секое отчукување на моето расплакано срце“, напиша Дрина на Инстаграм.