После долго време Никола Груевски утрово објави слика од него

Никола Груевски утрово со нов пост. Покрај напишаното тој по подолго време објави и фотографија од него. Во продолжение текстот и фотографијата.

Каква држава стана Македонија?!

Ако власта толку често не смислува и спроведува политички мотивирани прогони, апсења на луѓе без вина неистомисленици од политиката или бизнисот, ако не создава инструирани и нарачани истраги, лажни обвиненија, издиктирани од политичароте на власта судски пресуди до контролираните судии за нивните политички опоненти, па потоа некој го внеле во затвор, па како му е во затворот, па го пуштиле на викенд, му заплениле некаков имот, му земале пасош, притвор, судења, рочишта, извештаи на медиумите од тие рочишта, анализи на божемни независни аналитичари а всушност партиски полтрони, разни и секојдневни шпекулации во врска со сѐ ова, прес конференции на партиите или преставници на правосудните органи околу ова, итн итн. ако не измислат и направат вакви главно неправди, во Македонија нема ниту значајни, ниту позитивни интересни вести или успеси на власта, нема сериозни случувања, нема како и со што медиумски да ги покријат деновите, месеците и годините на општо незадоволство на народот, секојдневните неправди, неработење на функционерите, огромна корупција и невиден криминал и проневери, погрешно донесени одлуки, предавства на национален интерес само за да се добие нечија наклоност однадвор, вртоглавиот раст на цените, осиромашувањето и тешката економска состојба, не функционирањето на институциите и хаосот и неодговорноста во нив, злоупотребите на власта, протестите на синдикатите, критиките на меѓународната заедница, секојдневните скандали, византиските игри внатре помеѓу самите кланови во партијата главно мотивирани за повеќе моќ и пари, огромното иселување на луѓето од Македонија, безнадежноста на народот кој останал и.т.н.

Потоа со денови по тие најчесто вештачки и злонамерно креирани настани се пополнуваат вестите на телевизиите и порталите, се активираат партиските ботови и платените партиско-политички коментатори и инфлусери кои исто така се обидуваат да из глумат независност или на нај примитивен начин да нападнат некого кој е на листата за “острел”, се организираат дебатните и политички емисии, се викаат гости во емисии да судат и напаѓаат некого, тие пак ни виделе со свои очи документи и докази, ни чуле во судница нешто, од она што го чуле низ инструираните партиски контролирани медиуми судат, лепат етикети, глумат експерти, продаваат лажен морал, купуваат политички поени, се караат, се расправаат, се навредуваат, навредуваат други и така некако проаѓа времето во кое наместо напредок, повисоки плати и нови работни места, на народот му се сервира и вбризгува дух на злоба, негативна енергија, завист, гнев, фрустрации, дезинформации или непроверени, недокажани и невистинити работи, па сето тоа, целата таа тешка и мачна енергија се префрла од медиумите на терен меѓу народот и граѓаните кои со денови по канцеларии, кафеани, по телефони, по улици, домови или разни приватни собирања разговараат и се препукуваат меѓусебно на истите теми…, и така животот им поминува.

Така е веќе цели 6 години и Македонија се направи неверојатно деструктивно општество.

Националниот сон е скршен, а духот спуштен.

Народот веќе никому ништо не верува, и политиката и политичките дискусии се сведени на “дневна занимација за народот” и побудување ниски страсти од типот ситење на уапсени, радување и правење забава и хумор од туѓи несреќи и слично.

Ако мислите дека секаде е така…не, не е!

Има по нешто од сѐ ова насекаде, но како доза, не повеќе од 5-10 отсто од она што го прима македонскиот граѓанин секој ден.

Останатие 90-95 осто се други теми, многу поинтересни, покорисни, полесни, попозитивни, позначајни…затоа што во повеќето други земји има успеси за кои може да се зборува и се зборува, има напредок, има и секојдневно нови можности за секого, има долги и исцрпни теми за обликување на иднината, има ѕвезди, има научни напредоци, има интересни бизнис можности, има создавање дела, реформи, има убави работи.

Ако секојдневно не го оцрнуваат политичкиот конкурент или политички неистомисленик со конструирани лаги од контролираното правосудство, овие луѓе од доаѓањето на Заев кој го промовираше овој начин на владеење, па сега се обидува да изгради неприродни сојузништва за да се спаси од можна одмазда, од него па наваму немаат нови значајни успешни проекти, немаат поим што е реформа, безмалку немаат ново почната градба на капитален објект или капитална набавка, речиси да немаат создадено некој нов закон со кој за прв пат промовираат да се реши некој крупен проблем или да се унапреди квалитетот на живот на граѓаните.

Немаат како и со што ново создадено а реално да излезат на избори и да кажат нешто со што би биле поконкурентни, со што ќе се горди, со што ќе ги сметаат за подобри, многу попаметни, поуспешни, повешти, по стручни, почесни, покреативни, поодговорни, поисполнителни во ветувањата и во реализација на ветеното, со што и тие и нивните подржувачи вистински ќе се гордеат, а не да глумат дека со нешто се гордеат, со што ќе ги освојат симпатиите на нацијата и така ќе победат на избори. Како што беше во 2006 година, 2008, 2011 итн.

Сето ова е одлика на крајно неспособна, безнадежно безидејна и екстремно криминална елита на власт, чии дух се шири како модел меѓу дел од новите тинејџерски генерации кои созревајки гледаат многу лош пример од кој учат. Нешто повизрасните од нив паметат дека може и многу подобро.

Додатно, создавањето такви правила на игра, таква атмосфера, таква навика, такво секојдневие, таква злоба, создава и потреба за одмазда од таков вид кога ќе се смени власта, и така земјата ќе се сведе на мизерна територија на која политичарите не работат нешто добро за народот и се натпреваруваат кој ќе биде поуспешен во оценувањето на другиот, при што власта владее со такви методи.

Во една таква атмосфера попаметните, поспособните, оние со повисок капацитет се повлекуваат од учество во политиката и ја препуштаат на просечните, подпросечните и медиокритетите, и си ја гледаат својата работа и бизнис или заминуваат од земјата.

Тие гледаат што ги чека ако влезат во политика, дадат се од себе да помогнат за општо добро, гледаат дека што и да направат ако се многу успешни потоа неспособните ќе работат на нивно оцрнување и прогон со злоупотреба на правосудството и медиумите, и тоа им се гледа ризично и некомфортно и непотребно, па решаваат својот висок капацитет да го употребат во својата кариера или бизнос, често надвор од Макеоднија.

Така, политичките одлуки се повеќе ги носат ниско капацитетни аматери, некои кои според нивниот личен капацитет и квалитет, некогаш не би се квалификувале ни во седмиот ешалон на партиите. Тоа е најлошата и долгорочно најтешка последица за земјата од ваков метод на управување со земјата каков што спроведува најголемата партија во власта повеќе од шест години.

Тоа е еден маѓепсан круг од кој тешко ќе излезе Македонија.

Негативната селекција на кадри со најодговорни функции и медиокритетите се повеќе го завземаат просторот во политичкиот спектрум и тие се потешко ќе дозволуваат поспособните од нив да владеат и да носат значајни одлуки за државата, народот и нацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде