Утрово голема полициска акција, се врши претрес на локации во повеќе градови

Утрово голема полициска акција, се врши претрес на локации во повеќе градови

Голема полициска акција се одвива утринава на подрачјето на Скопје, открива за Канал 5 извор од МВР.

Македонската полиција, засилена со специјалци, врши претреси на многу локации, но не само во Скопје, туку претреси се вршат и во Битола и во Ресен.

Притоа, како што дознаваме, лишени од слобода се повеќе од 15 лица, а при претресите биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси, а за целта на оваа голема полициска акција и за крајниот исход од претресите повеќе информации најавуваат во текот на денот.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде