Автомобил под вода, поплавен дворот на градската црква „Свети Никола“ во центарот на Штип, попушти и колкторската цевка во штипско Ново Село, проблеми има во Дузлачки рид како и во детската градинка во Ново Село, објави Мнет телевизија.
Ова се само дел од штетите кои ги остави зад себе краткотрајното невреме кое попладнево го зафати Штип.
Наделжените на терен, велат дека се распоредени и се работи на санација на штетите. Од утре граѓаните може да пријавуваат штети.
„ТППЕ Штип веќе ја испумпува водата која се наоѓа на паркингот позади нас. Би сакала да ги охрабрам сите граѓани кои имаат да пријават штети тоа да го направат во архивот на Општина Штип и тоа почнувајќи од утре.“ – вели Шорова Ангелова.
Екипи на двете јавни претпријатија, АРМ, како и екипи на ТППЕ Штип на терен работат на расчистување на улците кои се со камења и земја, како и испумпување на водата.
Командитор на ТППЕ Штип, Дарко Коцев апелираше граѓаните ако имаат поплавени простории да побараат помош.
„Едно возило имаме овде на исцрпување на вода и секој оној кој ќе пријави дека има вода во подрумските простории или во куќите слободно нека се јави на бројот 193, стоиме на располагање за испумпување на водата“ – вели Коцев.
Штетите од краткотрајното невреме во Штип вдопрва ќе се утврдуваат.