ВИДЕО: Страотни сцени од Битола, итно свикан Кризeн штаб

Попладнево, силно невреме ја погоди Битола. Граѓаните пријавуваат штети, улиците се под вода, а веднаш се јави и градоначалникот кој итно го свика кризниот штаб.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.

Невремето го принуди градоначалникот Тони Коњановски да свика вонредна седница на Општинскиот кризен штаб која е во тек.

Од локалната самоуправа најавија акција на јавните комунални претпријатија, справување со состојбата по обилниот дожд кој престана да паѓа, но најверојатно предизвика штети кои ќе бидат регистрирани.

Се очекува соопштение за јавност, а во продолжение погледнете го видеото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде