Вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата кај стара Градска болница, во непосредна близина на Собранието.
Екипи на МВР се на местото на настанот, но не даваат информации за несреќата.
Како што може да се види на лице место, во неа учестувал еден автомобил Опел и моторцикл.
Неофицијално, мотоциклистот е повреден и е пренесен во болница.
Полицијата врши увид, а сообраќајот е затворен од правец на Југодрво и од ГТЦ кон Стара Градска болница.