Огромна тага, регионот во шок: Ненадејно почина младата актерка

Српските медиуми ја објавија веста дека младата актерка Марија Стеваниќ ненадејно починала.

Нејзиниот сопруг Бранислав Стојановиќ се прости од својата сакана со потресна порака.

„Љубов моја, прости ми. Овој пат не стигнав на време. Тие не беше родена за овој свет, тој не те заслужи“, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи неколку заеднички фотографии.

„Сочувствувам со твојата болка“, „Искрено сочувство до тебе, вашите деца и сите оние кои ја сакаа Марија“, „Отиде уште еден млад живот, една млада душа. Голема тага. Искрено сочувство“, се само дел од коментарите на неговата објава.

„Те сакав како никого претходно и ќе те сакам засекогаш. Марија, моја мако“, наведува сопругот во својата втора објава на Фејсбук.

Покрај сопругот, Марија Стеваниќ зад себе ги остави и двете мали деца.

Актерката неретко објавуваше видеа на социјалните медиуми каде, покрај талентот за актерска игра, ја покажуваше својата љубов кон танцот и рецитирањето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде